Поради слабата глобална конјунктура, германското министерство за економија очекува во втората половина на годината германската економија да загуби дел од растечкиот импулс, регистриран во првите шест месеци. Перспективите пред извозот се помалку ветувачки во позадина на зголемените геополитички ризици, прогнозира министерството во својот есенски извештај, цитиран од агенциите.
„Економскиот подем на германската економија е стабилен, но растот најверојатно ќе се забави во одреден степен во втората половина на годината по силната експанзија во првата половина“, се вели во редовниот месечен извештај.
Голем број на надворешни ризици ги помрачуваат перспеткивите на надворешната трговија на земјата, меѓу кои се несигурноста за резултатите од претстојните преговори меѓу Велика Британија и останатите 27 земји членки на Европската унија (ЕУ) за нивните идни односи по „Brexit“. Сепак не се очекува оваа несигурност да предизвика шок за економијата на Германија, сметаат експертите на завод.
Силна основа за конјуктура останува приватната потрошувачка. „Дел од потрошувачка останува важен столб во поддршка на растот. Континуираната безбедност на пазарот на трудот, зголемената вработеност, повисоките реални плати и слабата инфлација ја зголемуваат куповната моќ на потрошувачите“, се наведува во извештајот.
Во првото тримесечје од годината најголемата европска економија забележа раст од 0,7 отсто, а во второто со 0,4 отсто.
Минатата недела владата благо ја зголеми прогнозата за раст на БДП-то за годинава на 1,8% од 1,7%, што би претставувало најсолидна стапка на експанзија од пред пет години. Водечките германски економски институти дури очекуваат малку посилен економски раст – 1,9 отсто.
За следната година, сепак властите очекуваат забавување на растот до 1,4% во однос на евентуалниот застој во надворешната побарувачка. Ако се земе предвид бројот на работните денови, економското „ладење“ во 2017-та година се очекува да биде доста воздржано и растот да се забави до 1,6 отсто.