26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈуго за 200 евра! Речиси бесплатно, но дали се исплати?

Југо за 200 евра! Речиси бесплатно, но дали се исплати?

jugic-00

Легендарното „југо“, некогаш неприкосновено, најчестото возило на тогашните југословенски патишта, веќе некое време може да се купи за само 150-200 евра, речиси бесплатно.

Половните „југовци“ се продаваат на различни огласи за релативно малку пари. Притоа, тоа генерално не се примероците кои со тешкотии се движат по улиците, туку често се во прилично добра состојба, кои главно имаат проблеми со лимаријата.

Тоа што прво паѓа во очи кај повеќето „југовци“, ако не и кај сите кои се продаваат е дека се огласени не регистрирани, без разлика во која состојба се наоѓаат.

За ниската цена исто така допринесува и фактот дека повеќето од возилата кои се продаваат се постари од 20 години, а самата технологија која се користела во нивното производство е постара и од 40 години.

Приказните и легендите кои го опкружуваат овој автомобил исто така влијаат на ниската цена. Иако за многумина е најдобриот или најомилениот автомобил кој го поседувале, има доста од оние кои се сеќаваат на него како неквалитетно возило кое често се расипува.

„Делови за „југо“ има, иако се помалку по сервисите и продавниците. Меѓутоа, на пазарите може да се пронајде се што Ви е потребно“, велат од еден авто-сервис.

Се чини дека половното „југо“, чија цена е 20 пати помала од 4.000 евра, колку што чинеше кога престана производството во 2008-ма година, на крајот сепак го прегази времето.

Историјата и митот за „југо“

jugic-01

Првиот примерок на „југо“ е составен рачно во 1978-ма година и е поклонет на Јосип Броз Тито. Две години подоцна стартуваше и масовното производство, кое траеше до 2008-ма година, до кога се направени малку под 795.000 примероци. Помалку од една третина од тој број, околу 256.000 примероци се извезени од земјата, од кои 141.000 во Америка. Многу светски магазини го сметаа за еден од трите најлоши автомобили кои досега се произведени, а неретко ја освојуваше и таа титула. За таквото мислење во регионот сведочат и бројните шеги во кои главната тематика е лошиот квалитет на „југото“.

Шеги за „југо“.

jugic-02

Како се викаат сопирачките на „југо“?

– Дополнителна опрема.

Како двојно да ја зголемите цената на вашето „југо“?

– Наполнете го резевоарот.

„Југо“ е дизајниран за петмина луѓе. Еден да седи на возачкото седиште, останатите четворица да го туркаат.

Која е најголемата желба на сопствениците на „југо“?

– Да купат автомобил.

Како се вика „југо“ на врв на планина?

– Чудо.

Менувам „југо“ со кука, за „лада“ со кука.

– Шифра: Куку мене, куку тебе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП