3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмот „Прва Македонска Трансверзала“ на интернационални фестивали

Филмот „Прва Македонска Трансверзала“ на интернационални фестивали

%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%81%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b7%d0%b0%d0%bb%d0%b0

Документарниот филм „Прва Македонска Трансверзала“ во режија и продукција на Горан Вуќиќ и Кирил Шентевски ќе биде прикажан на 24-от Меѓународен фестивал на планински филм, кој се одржува од 12-ти до 16-ти октомври во Попрад, во Словачка.

Филмот кој пред домашната публика беше премиерно прикажан на шестото издание на ЕХО Фестивалот на планински филм во 2015 година во Скопје и доби Посебно признание, потоа беше дел од програмата „ЕХО патува“ и беше прикажан во повеќе градови низ Македонија.

На филмот му претстои успешна фестивалска есен, и ќе биде прикажан на Македонскиот филмски фестивал кој ќе се одржи од 22-ри до 23-ти октомври во Торонто, во ноември ќе учествува на Банско филм фест во Бугарија, а во декември ќе биде прикажан на 14-от Интернационален филмски фестивал Катманду во Непал.

Филмот ја прикажува планинарската транверзала која неодамна беше возобновена и се протега низ планинските масиви во западниот дел на Република Македонија.

Зад камерата на филмот стои Кирил Шентевски, монтажата е на Горан Вуќиќ. Филмот „Прва Македонска Транверзала“ е снимен како независна продукција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП