На Македонската берза во тргувањето во средата две акции имаа промет над еден милион денари, и тоа акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која во текот на денешниов ден оствари вкупен промет од околи 1,57 милиони денари и приоритетната акција на Скопски Пазар АД Скопје со промет од 1,001 милион денар.
Со приоритетните акции на Скопски Пазар АД Скопје беше реализирана една блок трансакција при која се истргуваа вкупно 336 акции по цена од 2.982 денари. Овие две акции, Акциите на Комерцијална банка и Скопски Пазар АД Скопје учествуваа со над 43,50 отсто во вкупно остварениот дневен промет од 5.912.974 денари.
Акцијата на РЖЛЕ–Алчеллормиттал (ХРМ) денеска со најголем пад на вредноста од 25 отсто и достигна просечна цена од 6 денари, преку истргувани 100 акции. Зад неа беше акцијата на Тетекс АД Тетово со пад на вредност од 2,94 отсто и просечна цена од 825 денари.
Листата на губитници ја предводеше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со истргувани вкупно 603 акции по просечна цена од 2.612,85 денари, и раст од 3,27 проценти.
Индексот МБИ-10 забележа раст од 0,59 отсто и заврши на 1.989,26 индексни поени, што е нагорна промена за 11,75 индексни поени во однос на претходниот работен ден. Со обврзниците за денационализација денес немаше реализација, па така индексот ОМБ остана непроменет.