23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградба на четири нови пешачки мостови во Општина Илинден

Изградба на четири нови пешачки мостови во Општина Илинден

mostovi-ilinden

Скопската општина Илинден продолжи со реализација на капиталниот проект „Изградба и санација на 10 мостови“, во рамките на кој почнаа да се градат четири нови пешачки мостови.

Мостовите со должина од 14 метри и широчина од 3 метри се градат над Главниот отворен одводен канал, и тоа два моста во населба Илинден (едниот ги поврзува ул. „9“ и ул „8“, а другиот ул.„535“ со ул.„500“) и два во н.м. Марино (со едниот се поврзува ул.„534“ со ул. „532“, а со вториот локалитетот Спортски центар се поврзува со ул.„531“).

Вкупната инвестиција за изградбата на четирите мостови изнесува 12 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден

Проектот „10 Мостови“ обезбедува изградба и санација на десет надвозници и мостови со што се обезбедува подобра и побезбедна комуникација, значително се олеснува движењето и се придонесува за подобрување на условите за квалитетен живот на населението.

Покрај овие четири мостови, во Општина Илинден во тек се градежни активности за изградба на уште три мостови и тоа еден сообраќаен во Мралино и два пешачки во населените места Миладиновци и Бујковци.

Новиот армирано бетонски плочест мост во Мралино се гради на местото на стариот и дотраен руиниран премин кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот.
Во населено место Миладиновци во тек е изградба на пешачки мост над Сува река за поврзување на ул. „5“ со ул. „2“, а нов мост се гради и на местото на стариот и дотраен руиниран премин кој се наоѓаше пред Домот на култура „Бујковци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП