28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд ги обвини САД за злоупотреба на моќта при високите казни за...

Оланд ги обвини САД за злоупотреба на моќта при високите казни за европските компании

fransoa_oland07012015-620x400

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги обвини во средата САД дека ја злоупотребуваат својата моќ, така што на европските компании им наплаќаат високи казни и така дополнително го разгоруваат спорот околу трансатлантскиот трговски договор познат како TTIP.

Казните, од кои најновата е онаа од 14 милијарди долари за германската „Deutsche Bank’ поради продажба на ткн токсични хартии од вредност на хипотекарни кредити во САД, вели францускиот претседател Франсоа Оланд, зошто не може да го поддржи договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ.

„Кога Европската комисија ќе тргне против Google и другите интернет гиганти кои не плаќаат данок во Европа, Америка се навредува“, забележува Оланд во интервјуто за списанието L’Obs, шест месеци пред претседателските избори во Франција.

„Уште повеќе, бесрамно бараат осум милијарди од BNP или уште пет милијарди од Deutsche Bank“, додава францускиот челник.

Во 2014 година BNP е казнета поради кршењето на американските санкции против Иран и Судан, што предизвика огорченост во Франција каде што таквите активности на оваа француска банка не биле незаконски.

Одлуката на ЕУ од август годинава Apple да плати 13 милијарди евра неплатени даноци во Ирска, од друга страна, пак, го предизвика гневот на САД каде што извршниот директот на компанијата Тим Кук оцени дека станува збор за „политички глупости“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП