1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопски Жданец доби нов плоштад и реконструирани скалила

Скопски Жданец доби нов плоштад и реконструирани скалила

%d0%b6%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%86

Реконструираните скалила и урбаниот плоштад во скопската населба Жданец во средата официјално им беа предадени на употреба на граѓаните, од страна на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Со тоа, како што истакнуваат локалните власти, ветувањето кое првиот човек на локалната самоуправа го даде на граѓаните на ова населено место, дека овој инфраструктурен двоен проект ќе биде целосно готов за употреба до празникот 11-ти Октомври за жителите на Жданец, стана реалност.

„Пред околу две седмици им дадовме ветување на граѓаните на населеното место Жданец дека на големиот македонски празник, официјално ќе биде отворен плоштадот и реконструираните скали и тоа денес го остваруваме“, рече градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Додаде дека целиот овој инфраструктурен проект, во којшто е вклучена реконструкцијата на скалите со поставување корпи за отпадоци и жардиниери со цвеќиња, како и мини плоштад со урбана опрема во која се вклучени креативни елементи вкупно чини осум милиони денари.

„Морам да напомнам одново дека овој од преку 2.400 проектни решенија, влезе во потесен круг од стоте најдобри креативни решенија на Меѓународен натпревар во Германија“, потенцираше градоначалникот на Општина Карпош.

Тој нагласи дека целта на ова урбано катче е релаксација и рекреација на месните жители на Жданец, преку кое ќе може да создаваат нови пријателства, како и да разменуваат мислења меѓусебно.

Постојано се трудиме, истакна Јакимовски, во сите урбани заедници да изградиме и да направиме вакви урбани простори, облагородени со зеленило, со клупи и корпи за отпадоци, се со цел граѓаните преку ден, како и во вечерните часови, да ги користат за прошетки, одмор и забава за најмалите карпошани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП