29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК забележа раст на производството до највисокото ниво од 2008-ма

ОПЕК забележа раст на производството до највисокото ниво од 2008-ма

naftic-35

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) забележа зголемување на приносот до повеќегодишен врв во септември и ја зголеми прогнозата за понудата надвор од картелот во 2017-та година, соопшти „Ројтерс“. Тоа сугерира дека следната година најверојатно ќе има поголемо производство покрај прелиминарниот договор од крајот на септември за намалување на производството.

Во септември земјите од ОПЕК предвидоа принос од 33,39 милиони барели дневно, што е за 220.000 повеќе во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците во месечниот извештај на картелот.

Производството во септември е највисокото барем од 2008-ма година, тврди „Ројтерс“, повикувајќи се на последните неколку месечни извештаји на групата.

Според групата во 2017-та година понудата надвор од ОПЕК ќе се зголеми за 240.000 барели дневно, што ја надминува претходната прогноза за 40.000 барели дневно. Во извештајот се наведува дека се очекува поголема продукција од Русија.

„Ројтерс“ потсетува дека на средбата на крајот на септември во Алжир земјите од ОПЕК се согласија да го намалат приносот до меѓу 32,5 и 33 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП