13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадскиот пазар во Прилеп ќе биде допокриен

Градскиот пазар во Прилеп ќе биде допокриен

pazar-prilep-335

Прилепскиот пазар, кој опслужува околу 350.000 граѓани од пелагонискиот регион, ќе биде допокриен, со пари од програмата за рамномерен регионален развој.

Со проектот „Подобрување на економските услуги од регионално значење – модернизација на регионален пазар“ кој се спроведува преку Центар за развој на Пелагониски плански регион, ЈКП „Пазари“ и општина Прилеп, во среда, градоначалникот Марјан Ристески посочи дека наскоро ќе започне третата фаза од допокривање на пазарот во Прилеп.

Со проектот ќе се изврши покривање на пазарот преку изработка на нова кровна конструкција за површина од 831 м², од кои на 644м² ќе биде изработена челична конструкција со два челични профили и ќе се изврши покривање на површина од 187м² со трослоен, транспарентен лексан. Со проектот ќе се изработи нов под за поставување на бехатон подни плочки на површина од 977м² од кои на 648 м² ќе бидат поставени нови подни плочки а додека на останантите 329 м² ќе бидат поставени стари плочки.

Со реализацијата на проектот ќе се врши модернизацијата на пазарот, ќе се создадат инфраструктурни предуслови за зголемување на економската активност и зголемување на севкупната конкурентност на овој дел од регионот. Со реализацијата на проектот ќе се подобрат економските услуги од регионално значење, ќе се овозможи зголемен проток на стоки и услуги кои во најголем дел се произведуваат во Пелагонискиот регион, а ги купуваат најмалку 350.000 жители на овој регион, но и на соседните региони.

Со проектот ќе се создадат подобри услови за околу 400 од продавачи од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод, како и за купувачите кои купуваат на овој пазар.

Вкупна вредност на проектот изнесува 4.334.721 мкд, кој финансиски е поддржан од програмата за рамномерен регионален развој во 2016 година на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП