1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЗОМ склучи договор со шест нови специјалисти

ФЗОМ склучи договор со шест нови специјалисти

fzom

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.

Новите шест специјалисти кои склучуваат договор со Фондот за здравство ќе почнат со работа од 1 ноември 2016 година. За нив до крајот на годината за два месеци Фондот ќе исплати 864 илјади денари, односно по 72 илјади денари месечно по специјалист.

Новите специјалисти ќе обезбедуваат специјалистичка здравствена заштита од дејноста интерна медицина и тоа тројца специјалисти ќе се во Скопје, во општините Гази Баба, Аеродром и Бутел, а по еден специјалист во Струмица, еден во Кавадарци – Ваташа и еден во Битола. Ова претставува дополнително зајакнување на специјалистичката здравствена заштита во градовите во внатрешноста.

Услугата од специјалист се добива по извршен преглед и упатување од матичен лекар и за истиот преглед специјалистот кој има договор со Фондот, смее да наплати само партиципација за здравствената услуга предвидена со закон. Интернистите обезбедуваат здравствени услуги како што се: стрес тест, ехо на абдомен, ехо на срце, ехо на тироида, ехо со доплер на крвни садови, ЕКГ и ЕКГ холтер (24 часовно за аритмија и/или хипертензија), спирометрија и други интернистички здравствени услуги. Во обезбедувањето на здравствените услуги, овие приватни здравствени установи се изедначени со јавните здравствени установи.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договор со ПЗУ Д-р Александар Манолев во Бутел Скопје, со ПЗУ Вита Мед-ЛД во Аеродром Скопје, со ПЗУ Ехолаб Плус во Гази Баба Скопје, со ПЗУ Д-р Владо Хаџиев – Битола, со ПЗУ Калина во Струмица, со ПЗУ Медика Пењушкови во с. Ваташа, Кавадарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП