3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако не треба да го отпуштите работникот

Како не треба да го отпуштите работникот

fired-660x330

Отпуштањето на вработените за повеќето работодавци е непријатна ситуација. Но таа ситуација може да стане уште понепријатна доколку се изговори нешто глупаво…

Џеф Хајден, говорник и еден од уредниците на Inc магазинот на својата LinkedIn страна даде листа со 10 реченици кои работодавците никако не смеат да ги изговорат кога ги отпуштаат вработените.

1. „Слушај, ова ми паѓа многу тешко“ (Само запрашајте се колку тешко му паѓа на вашиот вработен).

2. „Одлучивме нешто да промениме“ (Не користете вакви фази, ако добро сте ја одработиле својата работа, вработениот веќе знае дека е отпуштен).

3. „За деталите ќе зборуваме подоцна“ (Отказот е процес, не ги одложувајте деталите за подоцна).

4. „Во однос на Марко, ти едноставно не се вклопуваш“ (Не паѓајте во оваа „црна дупка“. Не споредувајте го оној кој што ќе го отпуштите со колегите ).

5. „Ок, ајде да разговараме за тоа. Еве зошто…“ (Истата „црна дупка“ како и во претходната ставка).

6. „Ти беше солиден работник, но ние едноставно мораме да го намалиме бројот а вработени“ (Ако го намалувате бројот на вработени, тоа кажете го директно).

7. „Мислам дека и двајцата знаеме дека ти не си среќен овде, така што за некое време ќе ни бидеш благодарен“ (Тоа не е ваше за да го процените).

8. „Морам да те испратам до вратата“ (Политика на различни компании е во моментот на отказот да го „испратат“ вработениот до вратата. Не правете го тоа).

9. „Одлучивме да те отпуштиме“ (Ако сте донеле таква одлука, немојте да се криете зад НИЕ).

10. „Ако постои нешто што можам да направам за тебе, само јави ми се“ (Како, на пример, што?)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП