
Компанијата Пелагонија АД Гостивар официјално започна со изградба на нов Здравствен Центар со деловни содржини.


Компанијата Пелагонија АД Гостивар официјално започна со изградба на нов Здравствен Центар со деловни содржини.
Инвестицијата предвидува објект со вкупна нето површина од 4600 м2 на седум ката, во која е планирано да има специјалистички ординации, амбуланти, лаборатории и деловни простории, како и сопствен паркинг.
Според генералниот директор на Пелагонија АД Гостивар, Александар Смилковски, ова е инвестиција која е од големо значење за градот Гостивар.
„Развојот на Гостивар е особено важен за нас, како и за граѓаните, и токму за таа цел одлучивме да инвестираме во Здравствен центар која ќе биде една од технолошки најсофистицираните кај нас. Објектот ќе се гради на површина од 920 м2 и ќе биде со висина од седум ката, или на вкупна нето површина од 4600 м2. Во самиот објект се предвидени повеќе специјалистички ординации, амбуланти, лаборатории, паркинг простор, како и еден дел деловни простории“, изјави Смилковски.
Проектот е предвиден да биде завршен кон крајот на 2017 година.