4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбука за прва помош во јавните градинки

Обука за прва помош во јавните градинки

%d0%be%d0%b1%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%85

Невладината организација ЛинкАкрос, заедно со нивниот стратешки партнер Универзитетска клиника за детски болести, придонесува кон поздрави и побезбедни локални заедници преку спроведување на обуката “Прва помош во педијатријата” во јавните детски градинки во Република Македонија во есен 2016. Проектот е финансиран од страна на Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија и е одобрeн од Министерство за труд и социјална политика.

Целта на проектот е воспитувачите, негувателите и родителите да се здобијат со знаења и вештини за соодветно и навремено постапување во ургентни ситуации. Обуките ќе бидат спроведени во 5 градови во Р. Македонија и тоа: Гостивар, Тетово, Куманово, Велес и Скопје. Ќе бидат обучени 500 учесници во кои се опфатени 400 воспитувачи и негуватели и 100 претставници од родителите. Главниот предавач во оваа фаза на проектот е д-р Ѓорѓи Паскалов.

Обуката е базирана на најновите и релевантни препораки за прва помош од Американската академија на педијатрија. Материјалите и протоколите се преведени и адаптирани со помош од стручниот тим во Универзитетска клиника за детски болести. Полудневната обука содржи предавања и практични вежби на релевантни теми, на пример, реанимација, згрижување при задушување, повреди на главата, грчеви, алергиски реакции и труења. Една од големите придобивки на обуката е практичниот дел каде што учесниците имаат можност да вежбаат реанимација на фантоми кукли.

Понатаму, идејата на проектот е и едукација на пошироката јавност преку видео предавања кои што ќе бидат достапни до родителите и сите заинтересирани граѓани. Дванаесет епизоди видео предавања со предавачот д-р Милена Спиркоска веќе се снимени и ќе бидат достапни за јавноста од ноември месец годинава.

Иницијативата за овој проект произлезе од г-ѓа Снежана Кливановска, поранешната директорка на градинката “8 Март” во Кисела Вода. Потребата од овој проект и неговата успешност се покажа во пилот фазата на проектот во 2015 година, преку кој беа обучени 200 учесници во четири скопски градинки. Проектот наиде на многу добар прием кај сите учесници, кои ставајќи ја во прв план безбедноста на децата во градинките, ја сметаат обуката за исклучително важна и корисна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП