6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУТМС одбележува една деценија со меѓународна научна конференција и свечено доделување на...

УТМС одбележува една деценија со меѓународна научна конференција и свечено доделување на дипломи

utms-00

На 8ми Октомври (сабота) 2016та година со два големи настана Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ја заокружи својата прва деценија: меѓународен научен конгрес ICON BEST и свечена академија и церемонија за доделување дипломи.

Имено, УТМС е по петти пат домаќин и организатор на меѓународниот научен конгрес ICON BEST кој оваа година се организираше под темата: Глобалните трендови на туризмот во 21виот век во партнерство со Светската академија за науки и уметности обединувајќи еминентни панелисти, истражувачи и научници од 14 земји од светот од сите континенти.

utms-01

Официјалниот почеток на конгресот го означи проф. д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот Факултет на УТМС и проректор за наука и развој и воедно претседател на организацискиот одбор на конгресот, воведувајќи ја публиката во темата.

Конгресот го отвори ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски кој во своето почесно обраќање ја потенцираше значајноста на мултидисциплинарнсота темата на конгресот, трасирајќи позитивен пример преку овој конгрес во правец на истакнување на меѓународната соработка и вклучувањето на клучните панелисти на петтиот јубелиеен конгрес што е особено значење не само за УТМС, туку и за Македонија.

utms-02

Токму на таа поента се надоврза клучниот говорник Академик Гери Џејкобс, директор на Светската академија на науки и уметности со чие партнерство беше организиран овогодинешниот конгрес, кој говореше за важноста на методологијата и концептот на образованието во правец на пресретнување на сегашната но и идната динамика на глобалниот бизнис.

Веднаш потоа се обрати и проф. Денис Гаш, претседател на Интернационалното собрание на колегиумот на бизнис едукатори (IACBE) кој во своето обраќање на тема: Процес на интернационална акредитација и стандарди за квалитет ја потенцираше важноста на меѓународната соработка во полето на високото образование во правец на изедначување на стандардите глобално.

utms-03

Не помалку важно, со силни аспекти на динамизирање на промените, еминентната проф. д-р Амелија Томашевиќ од Загребскиот Универзитет ВЕРН, се осврна на корпоративната култура како најсилен мотор во процесот на унапредување на хотелиерството и воопшто глобалниот туризам.

Овој панел еловентно беше заокружен со обраќањето на почесниот проф. д-р Зоран Ивановиќ од Факултетот за менаџмент на туризам и угостителство од Опатија, кој умешно обединувајќи ги сите предвидени области од програмата на конгресот пеонтираше кон неодложната важност на комплементирање на науката и бизнисот, а се во правец на адаптибилност кон динамиката на проментите и постојан и одржлив развој.

utms-04

Во попладневната сесија, панелистите дискутираа на темата на конгресот пренесувајќи ги искуствата од земјите и регионите каде делуваат и при тоа поттикнаа одлична конструктивна меѓусебна комуникација.

Истражувачките трудови ќе бидат објавени во зборникот на конференцијата, а селектираните најдобри трудови ќе добијат можност за објава во меѓународното научно списание на УТМС – Journal of Economics.

Вториот дел од означувањето на јубилејот УТМС го спроведе преку грандиозна и уникатна церемонија во Македонскиот народен театар во Скопје, каде се оддржа свечената промоција на осмата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на шестата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии.

utms-06

Во обраќањето на дипломците, студентите и публиката Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски ја потенцираше моќта на знаењето, посветеноста кон работата, заложбите за интернационализација на УТМС во насока на постојано иновирање и креативно реализирање на наставата преку која студентите се стекнуваат со квалитетни теоретски и применливи знаења, а со тоа се профилираат како високо конкурентни на пазарот на трудот. Во тој контекст Ректорот истакна: „ Драги магистри и дипломци, со споменување на името на оваа ваша многу угледна и престижна високо-образовна институција, се здобивате со референца која Ви овозможува да бидете силна конкуренција на пазарот на трудот. Ние сите веруваме и очекуваме, дека оваа генерација, како гордост на своите драги родители, и понатака ќе биде гордост на овој Универзитет, дека успешно ќе се вработите на најпрестижните работни позиции, при што Вашата диплома ќе ја прифатат во непосредна пракса, прифатена како диплома позната и призната на универзитетите во светот“.

На промоцијата на дипломираните студенти, присуствуваа и истакнати личности од високообразовната дејност во Република Македонија, но и од странство. По доделувањето на дипломите и традиционалното фрлање на капите во воздух, свеченоста беше одбележана со коктел за сите присутни гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП