28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMattel го зголеми профитот повеќе од четири пати

Mattel го зголеми профитот повеќе од четири пати

mattel1

Иако профитот на најголемиот производител на играчки во САД, „Mattel“ во првите три месеци од оваа година се зголеми за четири пати на годишно ниво, за тоа не е заслужна продажбата на куклата Барби.

„Mattel“ во периодот од јануари до март 2012 година, имаше големи трошоци за аквизација на компаниjата „Hit Entertainment“, во вредност од 680 милиони долари, со што се урна профитот на компанијата.

Без никакви давачки од овој вид, првиот квартал од оваа година, донесе профит од 38,5 милијарди долари во однос на 7,8 милиони кои беа забележани во првиот квартал од 2012 година и вредност на акциите од 11 центи за акција, во однос на два центи пред една година.

Аналитичарите прогнозираа дека производителите на познатите кукли Барби ќе постигнат профит од осум центи за акција.

Прометот на компанијата во првиот квартал е зголемен за седум проценти, на 995,6 милиони долари, од 928,4 милиони долари кои беа забележани во првиот квартал од 2012 година. Со тоа се надминати очекувањата на пазарот, кои гласеа дека прометот на компанијата ќе изнесува 984,2 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП