26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонкурс за школување во Воената академија Вест Поинт во САД

Конкурс за школување во Воената академија Вест Поинт во САД

image-11

Министерството за одбрана објави Конкурс за избор за номинација на 12 кандидати за упатување на четиригодишно школување во САД, на Военовоздухопловната академија и Воената академија „Вест Поинт“.

Станува збор за уникатна шанса за сите граѓани на Македонија од 17-23 години со завршено средно образование, односно со можност да го завршат средното образование до 01.07.2017 година, кои добро го познаваат англискиот јазик.

Кандидатите кои ќе се пријават ќе поминат сет тестови и интервју во Министерството за одбрана, а ќе бидат тестирани и од надлежни комисии на Военовоздухопловната академија и на Воената академија „Вест Поинт“.

Од министерството ги повикуваат сите кандидати кои имаат интерес да бидат дел од најдобрите и најпосакуваните високи воени студии во светски рамки, подетално да се запознаат со Конкурсот кој е објавен на веб-страницата на министерството, www.morm.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП