15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапрен четиридневниот пад на фунтата

Запрен четиридневниот пад на фунтата

britanska-funta0303

Фунтата денес зајакна, запирајќи го четиридневното лизгање надолу во однос на доларот, откако британската премиерка Тереза Меј прифати во парламентот да се дозволи гласање за нејзиниот план за излез на Британија од Европската унија, барајќи од пратениците тоа да го направат на начин кој ќе и даде простор за преговори.

Фунтата порасна за 0,9 проценти, на 1,2228 долари во раното утринско тргување во Токио во однос на вчера, известува агенцијата Блумберг.

Британската валута, исто така, напредуваше за 0,8 проценти во однос на еврото, на 90,46 пени.

Одлуката за гласањето во британскиот парламент може да ги смири и инвеститорите кои започнаа да се ослободуваат од фунтата, поради загриженоста дека Меј ќе заземе премногу самостоен пристап во однос на преговорите.

Фунтата во текот на овој месец, заклучно со вчерашниот ден, загуби повеќе од 6,0 проценти од вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП