10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Долговите го надминаа БДП

Грција: Долговите го надминаа БДП

grckazstava-600x338

Износот на задолжувањата во приватниот сектор на Грција го надминаа бруто домашниот производ на земјата, пишува весникот Катимерини.

Според пресметките на финансиските институции, долговите на околу два милиони Грци кои не ги подмируваат редовно обврските за потрошувачките кредити и кредитните картички изнесуваат 15 милијарди евра.

Истовремено околу 420.000 Грци имаат проблеми со исплатата на хипотекарните кредити, кои достигнале 26 милијарди евра.

Проблеми со подмирувањето на обврските за кредитите од 15 милијарди евра имаат и 350.000 самостојни занаетчии и мали претпријатија.

Кога на ова ќе се додадат и долговите на средните и големите компании, кои изнесуваат 45 милијарди евра, тогаш вкупниот износ на задолжување во прватниот сектор на Грција го надминува бруто домашниот производ на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП