29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Прага пронајден изгубен филм на Жорж Мелијес

Во Прага пронајден изгубен филм на Жорж Мелијес

2991

Двеминутен филм снимен од еден од основоположниците на светската кинематографија Жорж Мелијес, кој се сметаше за засекогаш изгубен, е пронајден во филмската архива на чешката престолнина Прага.

Претставник на архивот изјавил за агенцијата AFP дека ролната со филмот на институцијата ѝ ја подарил еден чешки колекционер.

На кутијата со ролната од филмот стоел насловот на друг филм на Мелијес, но експертите откриле дека станува збор филмот „Match de prestidigitation“ (Натпревар на магионичарите).

Двеминутниот филм од 1904 година, всушност прикажува илузионист, кој се разделува на две личности. Двете „половини“ се натпреваруваат во изведување разни трикови, но на крајот доаѓа до договор и одново се спојуваат.

Автентичноста на филмот го потврдиле и експерти од Франција. Се очекува неговата нова премиера да се одржи во Прага во рамите на ретроспективата на творештвото на Мелијес.

Жорж Мелијес, (роден 8-ми декември 1861 година, починал на 21-ви јануари 1938 година), потекнува од семејство на сопственик на фабрика за чевли. Откако служел во француската пешадија, се запишал на Школата за применета уметност, студирал во Лондон. По враќањето во Франција станал илузионист, а откако купил театар, Мелијес нарачал да му се направи камера по негови лични цртежи. Го направил првото во историјата филмско студио во предградие на Париз.

Се смета дека го измислил „стоп кадарот“, како и дека прв ги употребил техниките на претопувањето/слевањето (dissolve), повеќекратните експозиции (superimposition), снимањето кадар по кадар (time-lapse), сценографијата и специјалните светлосни ефекти.

Снимил и режирал 531 филм, од кои зачувани се 140, а познато е дека околу 400 негови филмови во Првата светска војна биле претопени за да се добие материјалот од кој се правеле потпетиците за чизмите на француските војници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП