15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува трката на облакодерите во Дубаи (видео)

Продолжува трката на облакодерите во Дубаи (видео)

dubai-obla3

Вчера во Дубаи беше објавено дека започнале со изградбата на највисоката кула во светот. Таа треба да биде готова во 2020-та година и да се приклучи на друга локална атракција – највисокиот облакодер Бурџ Калифа (829.8 метри).

Кулата ќе се наоѓа во проектот „Dubai Creek Harbour“ кој ќе зазема 6 квадратни километри, кој се развива од заедничко претпријатие на „Emaar Properties“ и „Dubai Holding“ – инвестицискиот холдинг на Шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на емиратот.

Во соопштението на владата нема детали колку висока ќе е конструкцијата и колку ќе чини изградбата, но се шпекулира за сума од околу 1 милијарда долари.

Засега од заедничкото претпријатие само соопштуваат дека од врвот на кулата ќе се открива невиден поглед од 360 степени на Дубаи и подалеку од градот, „VIP“ градини во сјајот на висечки градини на Вавилон и застаклени тераси кои ќе се вртат и ќе излегуваат надвор од силуетата на конструкцијата.

Проектот е дело на шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава Валц. Облакодер ќе биде опремен со платформа за набљудување, а на 20 ката ќе бидат распоредени ресторани и хотелски соби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП