21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa со поинакви размислувања од своите вработени

Lufthansa со поинакви размислувања од своите вработени

lufthanza1

Поради неуспешните преговори со управата, синдикатот ги повика вработените во авиокомпанијата „Lufthansa“ на 22 април масовно да штрајкуваат.

Германскиот синдикат „Верди“, вториот според бројот на членови, ги повика вработените во германската авиокомпанија „Lufthansa“ во понеделник, на 22 април масовно да штрајкуваат поради неуспешните преговори со управата.

Овој синдикт ги повика 33.000 вработени во компанијата „Lufthansa“ да прекинат со работа на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Минхен и Дизелдорф.

Синдикатот бара зголемување на платата од 5,2 проценти, и компанијата да се обврзе работните места да бидат сочувани.

Управата на „Lufthansa“ има поинакви размислувања од своите вработени и синдикатот, од таму сметаат дека растот на платата треба да биде замрзнат и дека вработените треба да работат дополнителни часови неделно со цел компанијата да стане повеќе конкурентна на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП