2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт го купи Башнефт

Роснефт го купи Башнефт

rf-reshilas-na-privatizaciyu-r

Рускиот премиер Дмитриј Медведев му одобри на рускиот државен гигант Роснефт да го купи помалиот конкурент Башнефт.

Најголемата руска нафтена компанија Роснефт се здоби со државниот дел на вториот голем производител на нафта Башнефт за 329,7 милијарди рубљи (околу 5,3 милијарди долари).

Се очекува дека договорот ќе биде заклучен на 14-ти октомври, јавува Раша тудеј.

Договорот е одобрен од страна на Дмитриј Медведев.

„Денес го потпишав декретот со кој се дозволува продажбата на уделот од 50,755 проценти од акциите во компанијата Башнефт, на државната акционерска компанија Роснефт за 329,69 милијарди рубљи“, изјави Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП