
Првиот ден оваа скратена трговска седмица донесе скромен промет на Македонската берза од 7,6 милиони денари.


Првиот ден оваа скратена трговска седмица донесе скромен промет на Македонската берза од 7,6 милиони денари.
Најголем промет беше остварен со обврзницата за денационализација РМДЕН 15 вкупно 2.153.467,42 денари и истргувани вкупно 37.861 лотови по 92,50 отсто од номиналната вредност. Прометот со обврзниците го зголеми и уште една трансакција со обврзниците РМДЕН 13 со вредност од 571.857 денари.
Акцијата на Стопанска банка АД Скопје беше единствена акција со промет близу милион денари и пораст на вредноста од 1,53 отсто, поточно промет од 999 510 денари истргувани преку 17 трансакции и количина од 1.724 акции.
Најголем пад на вредноста од 2,55 отсто забележа акцијата на Македонија турист АД Скопје и денот го заврши со вредност од 3.402 денари. На спротивната страна на чело на листата на добитници се најде акцијата на Топлификација АД Скопје со значаен раст од 5,90 отсто и денот го заврши со вредност на акцијата од 1.030 денари.
Индексот МБИ-10 забележа раст од 0,36 отсто и достигна вредност од 1.977,51 индексни поени. Наспроти него индексот ОМБ остана непроменет.