13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј очекува граѓаните на ЕУ да ги задржат правата во Британија и...

Меј очекува граѓаните на ЕУ да ги задржат правата во Британија и по Брегзит

%d0%bc%d0%b5%d1%98-%d0%bc%d0%b5%d1%98-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b0

Британската премиерка Тереза Меј изјави во понеделникот дека се надева оти излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе мине мазно и дека граѓаните од земјите членки и потоа ќе ги задржат своите права.

„Очекувам дека ќе можеме да им ги гарантираме законските права на државјаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија, сé додека тие права ги имаат Британците коишто живеат во Унијата“, изјави за новинарите британската премиерка Тереза Меј која престојува во посета на Данска.

Повтори дека процесот на излегувањето на нејзината земја од ЕУ според членот 50 од Лисабонскиот договор ќе биде започнат најдоцна до март следната година. „Верувам дека тоа ќе биде мирно и уредено излегување“, истакна Меј.

Британската премиерка додаде дека договорот меѓу Лондон и Брисел по британското излегување, би требало да ја одразува „зрелоста и соработката меѓу блиски пријатели и сојузници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП