19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата над 52 долари, во фокусот договорот за намалување на...

Цените на нафтата над 52 долари, во фокусот договорот за намалување на производството

nafta-pafta

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот на меѓународните пазари над нивото од 52 долари за барел, бидејќи повторно во фокусот на пазарите е договорот во Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) за намалување на производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот нафта скокна а 64 центи во споредба со претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 52,27 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 51 цент повисока цена, од 50,32 долари.

Одвоено OPEC во понеделникот објави дека референтната цена на барелот кошничка негова нафта во петокот изнесувала 48,58 долари, што значи дека пораснала за 74 центи во однос на затворањето на претходниот трговски ден.

Саудискиот министер за енергетика, индустрија и минерални ресурси, Калид бин Абдел ал-Фалех, во својот настап на 23-от Меѓународен енергетски конгрес кој се одржува во турската метропола Истанбул изјави во понеделникот дека е убеден оти на состанокот на OPEC кон крајот на ноември би можело да биде постигнат договор на глобално ниво за ограничувањето на снабдувањето со нафта.

Изрази уверување дека можеби веќе во октомври, или до крајот на годината цената на барелот на „црното злато“ би се искачила до 60 долари за барел.

Додаде дека деновиве во Истанбул ќе се сретне со рускиот министер за енергетика Александр Новак за да разговараат за руската реакција на септемврискиот договор на OPEC. Најави и состанок на техничката комисија на членките на OPEC и земјите кои не се во состав на картелот, за две седмици.

Рускиот министер Новак, пак, изјави дека Москва го преферира замрзнувањето на нивото на производството. „Начелно ќе го разгледаме предлогот, но мислам дека нам повеќе би ни одговарало задржување на одреденото ниво на производство“, рече Новак на енергетскиот конгрес во Истанбул.

OPEC е на енергетскиот форум кон крајот на септември во Алжир постигнаа договор за намалување на производството на 32,5 до 33 милиони барели дневно. Во моментов произведуваат рекордни 33,6 милиони барели дневно.

Договорот мината седмица го поттикна раст цените нафта, а шпекулантите на рекордно зголемување на позициите во кои шпекулираат со растот на цените на лондонскиот пазар, покажаа најновите податоци од лондонската берза InterContinental Exchangea (ICE).

Аналитичарите на „ABN Amro“ се попретпазливи во оцените на договорот OPEC, потсетувајќи дека членките на картелот во повеќе наврати не ги реализирале договорите за намалувањето на производството. „Дополнителното сомневање во реализација го поткрепува сознанието дека некои членки сакат да бидат третирани како исклучок“, велат аналитичарите алудирајќи на Либија и Нигерија, чиешто производство е намалено поради вооружените судири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП