21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред какви ризици се соочува норвешкиот државен инвестициски фонд?

Пред какви ризици се соочува норвешкиот државен инвестициски фонд?

norve-fond-33

Политичарите во Норвешка се загрижени дека се повлекуваат премногу пари од државниот инвестициски фонд – најголемиот од ваков вид во светот, пишува „Bloomberg“.

Минатата недела владата на земјата откри дека планира да повлече следната година 121 милијарди норвешки круни (15 милијарди долари) од фондот со средства во вредност од речиси 900 милијарди долари.

Осло ќе го искористи Фондот поради ниските цени на нафтата, кои отворија дупка во буџетот од околу 8% од бруто домашниот производ (БДП), наведува новинската агенција.

Повлекувањето на пари од државниот инвестициски фонд на Нордиска земја започна доста порано од очекуваното. Практично владата повлече повеќе од половина од очекуваната добивка од инвестициите во обврзници, акции и имот, за да ги компензира загубените приходи од нафтата.

„Ова е особено загрижувачки“, коментира Торстен Тверг Солберг, пратеник и член на парламентарната комисија за финансиските прашања од главната опозициска партија во земјата.

Партијата побара од Фондот да ја посочи точната граница со која при достигнувањето на истата повлекувањата би станале проблематични. Пратеникот наведува дека од фондот дале како ознака 150-200 милијарди норвешки круни. „Со темпото, кое го гледаме, се приближуваме опасно блиску до критичната граница“, додава тој.

norve-fond-34

Фондот, создаден во 90-тите години, за да се обезбеди иднината на следните генерации, предупредува, освен тоа дека повлекувањето ќе ја ограничи и неговата способност да се справи со ризиците во иднина.

Министерот за финансии Сив Јенсен сепак ги отфрла критиките на опозицијата и коментира дека администрацијата искористи од инвестицискиот фонд токму, колку што е планирано. Законот предвидува Владата да може да користи околу 4% од приходите на фондот, а предлогот на властите е за повлекување на околу 3%, нагласува тој.

Менаџерите на Фондот предупредуваат дека им е потешко да постигнат принос од околу 4%. Во последните 10 години просечниот постигнат принос достигнува 3,44%. Во третиот квартал е постигнат принос од 4%, но владата извлекла 30 милијарди круни за периодот.

Барем засега повлекувањата од фондот не се толку големи, што ќе го принудат да продава средства.

Во меѓувреме Фондот се соочува и со ризиците поради експанзијата на инвестициите во имот заради „Brexit“. За втор пат институцијата ја ревидира вредноста на британските средства од 5% по гласањето, во кој 52% од Британците побараа нивната земја да ја напушти Европската унија (ЕУ).

Во 2014-та и 2015-та година властите во Норвешка одлучија дека државниот инвестициски фонд треба да ги зајакне своите инвестиции во недвижности и алтернативни средства со цел да се зголеми профитабилноста и приходите. Фондот е активен токму на британскиот пазар, но и на други водечки пазари во светот, меѓу кои Њујорк, Хонгконг, итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП