Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” ја донесе одлуката за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. д-р Драган Даутовски, музички уметник, Иван Петрушевски, актер и Реџаи Исени, ликовен уметник.
За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Стефан Влахов, историчар и филозоф и проф. д-р Агим Пољоска, албанолог.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2016 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.