28 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако размислуваат одличните шефови?

Како размислуваат одличните шефови?

managerjirsak

Не е лесно да бидете одличен шеф. Но, сите добри шефови за некои нешта размислуваат на ист начин, а ова се тие нешта…

1. Работата е екосистем, а не бојно поле.

Просечните шефови рабoтењето го гледаат како конфликт меѓу компаниите, секторите или тимовите. Тие собираат големи армии на кои им заповедаат, ги класифицираат конкурентите како непријатели и се однесуваат кон клиентите како теритoрија која треба да се освои. Извонредните шефови го гледаат работењето како симбиоза и веруваат дека фирмата која нaјвеќе се разликува од конкурентите има најголема можност да опстане.

2. Фирмата е заедница, а не машина.

Просечните шефови веруваат дека фирмата е машина, а нивните вработени опрема. Тие создаваат крути и строги правила. Добрите шефови ја гледаат својата фирма како колекција од различни надежи и сништа, кои се соединуваат за една заедничка цел.

3. Управувањето е услуга, а не контрола.

Просечните шефови сакаат вработените да го работат тоа што точно им е кажано. Тие создаваат атмосфера каде индивидуалноста е придушена. Натпросечните шефови даваат општи насоки и дозволуваат вработените да го искористат својот максимум.

4. Моите вработени се мои колеги, а не мои деца.

Просечните шефови вработените ги гледаат како инфериорни, незрели лица, кои не можат да функционираат без надзор. Одличните шефови се однесуваат кон своите вработени со почитување.

5. Мотивацијата доаѓа од визијата, а не од страв.

Просечните шефови гледаат страв во отказот, губењето на бонусот, и тоа им е единствен начин да ги мотивираат вработените.

Вистинските и одлични шефови ги инспирираат луѓето да видат подобра иднина и да бидат дел од неа. Како резултат на тоа, вработените ги следат целите на организацијата и веруваат во неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП