23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд

Русија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд

putin-erdogan33

Русија и Турција ќе формираат заеднички инвестициски фонд со почетен капитал од 1 милијарда долари. Тоа го објави министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи, цитиран од државната новинска агенција, пренесува „Ројтерс“.

Зејбекчи и рускиот министер за економски развој Алексеј Улиулкајев веќе потпишале заедничка декларација за лансирање на фондот.

Москва и Анкара ќе обезбедат првично по 500 милиони долари за фондот. Во иднина капиталот може да биде зголемен дополнително.

Односите меѓу Турција и Русија се влошија во ноември 2015-та година, откако турски пилоти соборија руски воен авион во близина на границата со Сирија. Тогаш руските власти ги прекинаа сите заеднички инвестиции и им забранија на руските туристи да патуваат до Турција.

По неколку месеци следеше извинување од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, што даде нов поттик во односите меѓу Москва и Анкара. Двете земји ги обновија и плановите за изградба на гасоводот по дното на Црното Море „Турски поток“, за кој „Газпром“ неодамна ги доби своите први дозволи.

Проектот ќе се дискутира на енергетскиот форум, кој започна на 9-ти октомври во Турција. Денес во посета на земјата пристигнува и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин и Ердоган се очекува да разговараат, освен за „Турски поток“, и ситуацијата во Сирија, другиот заеднички енергетски проект – за нуклеарна централа во близина на границата на Турција со Бугарија, билатералната трговија и други прашања.

Конкретно за „Турски поток“ очекувањата за резултатите од средбата меѓу Ердоган и Путин се многу високи. Според аналитичарите најверојатно ќе биде даден официјален почеток на проектот.

„Турски поток“ го замени „Јужен поток“ како проект за гасовод преку Црното Море, откако Бугарија застана против плановите за изградба на објектот, што не одговараше на третиот енергетски пакет на Европската унија (ЕУ).

„Турски поток“ предвидува да испорачува руски гас до Турција и оттаму преку Грција испораките да одат кон Европа. Според првичните проценки проектот ќе чини околу 11,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП