19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРијад ја прогнозира цената на нафта на 60 долари до крајот на...

Ријад ја прогнозира цената на нафта на 60 долари до крајот на 2016-та

%d1%80%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%84

Цената на нафтата до крајот на 2016 година ќе достигне 60 долари за барел, изјави во понеделникот министерот за енергија, индустрија и минерални ресурси на Саудиска Арабија, Калид бин Абдел ал-Фалех, во својот настап на 23-от Меѓународен енергетски конгрес кој се одржува во турската метропола Истанбул.

Минатата седмица цената на декемвриските испораки на нафтата од марката Brent на лондонската берза ICE порасна во споредба со претходното неделно затворање за 2,3 отсто, на 52,01 долари за барел, надминувајќи ја бариерата од 52 долари првпат од 10-ти јуни.

„Во октомври или кон крајот на годинава, но цената ќе достигна до 60 долари за барел“, рекол ал-Фалех, го цитираат агенциите.

Како што рекол саудискиот министерот за енергија, индустрија и минерални ресурси Калид бин Абдел ал-Фалех, во Ријад сметаат притоа на „конструктивната улога“ на Русија во преговорите за стабилизација на цените на нафтата.

Според него, Саудиска Арабија и Русија веќе неколку дена разговараат за прашањето за намалување на производството на „црното злато“ и изгледите за нормализација на ситуацијата на глобалниот нафтен пазар.

„Со рускиот министер за енергетика Александр Новак во следните неколку дена планираме да се сретнеме и да ги разгледаме прашањата за производството на нафтата и другите теми поврзани со ова прашање. Очекувам позитивна улога на руската страна“, го цитира агенцијата ТАСС саудискиот министер ал-Фалех.

Истакнал, меѓу другото, дека „до крајот на годинава Саудиска Арабија подобро ќе ја знае позицијата на OPEC“ (Организацијата на земјите извознички на нафта чија членка е –з.р.) во врска со производството на нафтата.

„Ни претстои востановување на пазарот по остриот пад на цените, но од друга страна не може да се дозволи и обратното (остриот раст на цените –з.р.). Тоа повторно ќе предизвика дебаланс на пазарите“, појаснил ал-Фалех и притоа изразил надеж дека „позицијата на OPEC ќе ги задоволи интересите на Саудиска Арабија и другите производители на нафта, но нема да дозволиме силно да влијаат прашањата за производството“.

Ал-Фалех истакнал дека Ријад креира сопствена политика во врска со обемот на производството. „Нашата земја при појавата на одредена цена, не ја диктира, туку ја прифаќа. Ние имаме сценарија из а ниска и за висока цена. Не можеме да кажеме колкав ќе биде плафонот“, додал.

Министерот посочил и дека Саудиска Арабија сé уште не го достигнала врвот во обемот на своето производство на нафтата. „До 2020 година растот на нашата економија ќе биде повеќе од очигледен, зашто инвестираме. Ќе успееме и натаму да го зачуваме тој баланс“, рекол ал-Фалех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП