5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНобеловата награда за економија им припадна на Оливер Харт и Бенгт Холмстром

Нобеловата награда за економија им припадна на Оливер Харт и Бенгт Холмстром

%d0%b5%d0%ba%d0%be-%d0%bd%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%bb

Британецот Оливер Харт и Финецот Бенгт Холмстром се добитници на Нобеловата награда за економија за 2016 година, за нивниот придонес кон теоријата на договор.

Модерната теорија се состои од неброено многу договори. Новите теоретски алатки креирани од Харт и Холмстром се вредни за разбирање на договорите во реалниот живот и за институциите, како и за потенцијалните стапици во изготвувањето договори.

Бенгт Холмстром, на кого новинарите можеа да му поставуваат прашања на прес-конференцијата при објавувањето на добитниците, вели дека е многу изненаден од наградата, но многу среќен.

„Теоријата на договори подразбира дека каков и договор да пишувате секогаш треба да мислите на другите инволвирани страни. Мора да се гледа многу пошироко на тоа отколку само од гледна точка на акционерот. Мора да мислите на сите други страни кои се инволвирани“, појаснува Холмстром.

Холмстром е роден во Хелсинки, Финска, во 1949 година, а работи на Технолошкиот институт Масачусетс, САД.

Неговиот колега, со кого ја дели наградата, Оливер Харт, е Британец, роден во Лондон, во 1948 година, а работи на Универзитетот Харвард, во истата држава во САД.

Нобеловата награда од осум милиони шведски круни ќе ј поделат двајцата лауреати, а наградата ќе им биде доделена на 10 декември во Стокхолм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП