25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците ги бранат златните резерви

Швајцарците ги бранат златните резерви

zlato12

Швајцарската народна партија собира потписи за да побара референдум на кој ќе побара поддршка од народот за да и се забрани на централната банка да ги продаде златните резерви.

Иницијативата на Швајцарската народна партија под мотото „Спасете го нашето швајцарско злато“, доби повеќе од потребните 100.000 гласови, што значи дека референдумот ќе мора да биде одржан во наредните неколку години.

Оваа партија повеќе од две години бара референдум за ова прашање. Тие бараат од Швајцарската народна банка 20 проценти од своите девизни резерви да бидат во злато.

Банката во моментов располага со 500 милијарди швајцарски франци, од кои повеќе од 10 проценти се во злато.

Цела Европа е вознемирана од можноста за масовно продавање на златото за спас од економската криза, по најавата на Кипар дека ќе започне да ги продава златните резерви за да се извлече од тешката ситуација. Доколку повеќе земји се одлучат на ваквиот чин, златото вртоглаво ќе ја загуби својата вредност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП