5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени 67.000 нови работни места во Канада, стапката на невработеност сепак непроменета

Отворени 67.000 нови работни места во Канада, стапката на невработеност сепак непроменета

184401687257f9f39d4caf4794441566_w640

Канада ги надмина очекувањата на економистите отворајќи во месец септември 67.000 нови работни места, што е најголемиот број во последните четири години.

Меѓутоа, стапката на невработеност сепак остана непроменета на 7 проценти, соопшти владината Агенција за статистика.

Економистите прогнозираа дека во септември ќе бидат отворени само 7.500 нови работни места, пренесува агенцијата Франс прес.

Повеќето нови работни места се со скратено работно време, а отворени се во покраините Квебек, Алберта и Њу Брунсвик, се наведува во соопштението на статистиката.

Во текот на септември се вработени најмногу луѓе на возраст од 55 години и повеќе, кои ги пополниле работните места во јавната управа и секторите за образовни услуги , транспорт и складирање.

Во исто време, забележан е пад на вработеноста во канадските сектори за здравство и социјална помош.

Сепак, растот на новите работни места не успеа да ја намали вработеноста, бидејќи многу повеќе луѓе и се придружија на работната сила која е во потрага по работа, наведува агенцијата за Статистика на Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП