2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДоделени наградите на првото издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова

Доделени наградите на првото издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова

kinenova

Филмот „Слава“ од Кристина Грозева и Петар Валчанов од Бугарија е прогласен од страна на стручното жири за најдобар филм на првото издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје 2016.

За најдобар режисер и сценарист е прогласен Огњен Главоњиќ од Србија за филмот „Длабочини 2“

Жирито на првиот меѓународен филмски фестивал Киненова Скопје 2016, беше во состав Разван Радулеску, претседател, и членови Мира Фурлан, Мето Јовановски и Галина Тонева.

Жирито за краток и анимиран филм на првиот меѓународен филмски фестивал Киненова Скопје 2016, во состав Мануела Чернат, Дејан Дабиќ и Вардан Тозија, ја донесе следнава одлука за наградите:

НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ:
СМОКВА на Никос Коловос, Шведска 2016
Образложение на жирито: Искрена слатко-горчлива приказна за љубов и посветеност, суптилна поема за свет што полека исчезнува.

НАЈДОБАР АНИМИРАН ФИЛМ:
КРУЖНО ПАТУВАЊЕ НА МАРЕТО од Жарко Иванов, Македонија 2016
Образложение на жирито: За инспирирана мешавина на приказна и реалност во трогателна посвета на славните пионери на филмот на Балканот, браќата Манаки.

СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ:
ЛУЃЕ ОД ГРОБИШТАТА од Али Мардоми, Иран 2016
Образложение на жирито:За исклучително визуелно влијание и за оригинален пристап кон денес универзалната закана, која се третира во духот на традицијата на величествената иранска филмска школа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП