21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа треба да здивне, цената на Брегзит ќе ја платат Британците

Европа треба да здивне, цената на Брегзит ќе ја платат Британците

brexit-600x400

Референдумската одлука за излезот на Велика Британија од единствениот пазар на ЕУ има помало влијание на европската економија од очекуваното, истакна претставникот на Европската централна банка (ЕЦБ) Јанис Стурнарас.

Стурнарас, кој е и гувернер на Банката на Грција, изјави дека последиците од Брегзит имаат најголемо влијание на британската економија.

Според неговите зборови, иако британската одлука за напуштање на ЕУ не е пријатна, а преговорите нема да бидат лесни, „ефектот врз европската економија е помал од очекуваниот“.

„Најголемата цена ќе ја плати британската економија“, оцени претставникот на ЕЦБ.

Велика Британија на референдумот во јуни донесе одлука за излез од ЕУ. Премиерката Тереза Меј назначи дека земјата може дефинитивно да го напушти единствениот пазар на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП