29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на ЕУ ќе можат да останат на Островот по Брегзит

Граѓаните на ЕУ ќе можат да останат на Островот по Брегзит

brexit-3350

Сите граѓани на ЕУ кои во моментов се наоѓаат во Велика Британија, ќе добијат право да останат откако земјата ќе излезе од заедницата, објави британскиот весник „Daily Telegraph“, кој се повикува на свои извори во британската влада.

Околу 3,6 милиони државјани на ЕУ живеат во Велика Британија, од кои околу 80% ќе добијат постојан престој во моментот на излегување од Унијата во почетокот на 2019-та година, посочува весникот. Останатите близу 600.000 европски имигранти ќе бидат ослободени од преземање на мерки против нив.

„На останатите луѓе, се разбира, ќе им биде дозволено да останат во Велика Британија“, изјави еден од изворите на весникот, кој побарал да остане анонимен.

Според друг е важно „со ЕУ да биде склучен таков меѓусебен договор, што ќе се осигура дека Британците ќе ги уживаат истите права“. Во моментов 1,2 милиони британци живеат во земји членки на ЕУ. Често тоа се пензионери кои веќе поседуваат имот во државата во која се наоѓаат.

Според експертите не е исклучено пред завршувањето на преговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ емиграцијата од Унијата нагло да се зголеми. Во таков случај британските власти може да воведат рокови, по кои граѓаните на ЕУ нема да имаат право да го добиваат статусот кој им се дава во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП