26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLavida подготвена за Шангај

Lavida подготвена за Шангај

lavida

Автомобилот „Volkswagen Lavida“ веќе е претставен на неколку билборди во Шангај, а на пазарот во Кина се очекува во текот на јуни оваа година.

Караван верзијата на моделот „Lavida“ се одликува со хечбек стил, а ќе биде достапен само на територијата на Кина.

Ова возило ќе го произведува заедничката компанија „Shaghai-Volkswagen“ и ќе биде наменет за оние кои бараат прифатлив караван. Оваа верзијата ќе биде долга 4605mm, а пак седан верзија ќе биде долга 4454mm.Меѓуосовинското растојание на двете верзии ќе биде исто или 2610mm. Новите модели ќе ги задржат моторите кои се достапни кај седан верзијата, па така да можеме да очекуваме 1.4 литарски турбо мотор кој постигнува 130ks, како и 1.6 литарски со снага од 104ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП