2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА9 милиони долари за регистарски број во Дубаи

9 милиони долари за регистарски број во Дубаи

d5-00

Индискиот бизнисмен Балвиндер Сахани плати 33 милиони дирхами, што е еднакво на 9 милиони долари (околу 8 милиони евра) за регистарска табличка, информира „Bloomberg“.

Сахани планира да ја користи табличката со ознаките „Dubai D5“ за еден од своите „Roll Royce“ автомобили.

„Колекционер сум на уникатни регистарски таблички и се гордеам дека ја добив табличката со бројот 5“, вели тој.

d5-01

Бројот беше продаден за време на аукција во саботата. Сахани, кој е сопственик на компанија која се занимава со одржување на имот во Дубаи, поседува и друг краток број, купен во текот на изминатата година за 25 милиони дирхами (6.8 милиони долари) – „O9“.

Кратките броеви во Обединетите Арапски Емирати се симбол на богатство. Рекордот сепак е од 2008-ма година, кога локалниот бизнисмен Саеед Абдул Гафур Кури плати 52.2 милиони дирхами (14,2 милиони долари) за привилегијата да се вози во автомобил со регистарски број 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар