27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвечена заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија

Свечена заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија

%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%b2%d0%b0

Питомците од 20. генерација ќе дадат свечена заклетва денес во 10 часот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, а на свеченоста ќе бидат промовирани и потпоручници од 16. генерација на Воената академија.

Свечена заклетва ќе дадат 29 питомци, од кои шест припаднички на женскиот пол и седум студенти на цивилни насоки. Од студентите-питомци на Воената академија, 20 се од Република Македонија, четворица од Босна и Херцеговина, тројца од Црна Гора и двајца од Косово.

Воедно, промовирани во потпоручници ќе бидат 35 питомци, од кои седум припаднички на женскиот пол. Од нив 25 се од Република Македонија, тројца од Црна Гора, тројца питомци од Босна и Херцеговина и четворица од Косово.

На Свеченоста ќе присуствува и ќе се обрати министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП