10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо секоја петта јапонска компанија вработените може да умрат од прекумерна работа

Во секоја петта јапонска компанија вработените може да умрат од прекумерна работа

salaryman

Во секоја петта јапонска компанија вработените работат толку часови дневно што сериозно им се заканува прерана смрт од прекумерно работење, покажало новото владино истражување.

Стотици смртни случаи поврзани со прекумерното работење, од мозочни и срцеви удари до самоубиства, секоја година се регистрираат во Јапонија, заедно со низата тешки здравствени проблеми, поради што се подигнуваат ружи и повици од јавноста за решавање на овој проблем.

Споменатата студија е првата од јапонската ткн „бела книга“ за „кароши“, односно смрт од прекумерно работење, којашто ја одобри конзервативната влада на премиерот Шинзо Абе минатата седмица.

Додека имиџот на јапонските работници кои минуваат големо време на работното место полека се менува, многумина и натаму работат повеќе часови во споредба со своите колеги во другите земји.

Според податоците од студијата, 22,7 отсто од компаниите испитувани во периодот меѓу декември 2015 и јануари 2016 година, изјавиле дека дел од нивните вработени имаат повеќе од 80 часови прекувремена работа на месечно ниво, што е службен праг на ризикот од смрт поради прекумерното работење.

Во извештајот се додава дека 21,3 отсто од јапонските работници во просек седмично работи 49 или повеќе часови неделно, што е многу повеќе отколку 16,4 отсто колку што се регистрирани во САД, 12,5 отсто во Велика Британија и 10,4 отсто во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП