19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Прехранбената индустрија во криза

Франција: Прехранбената индустрија во криза

prehranbena1

Околу 4.000 работни места во француската прехранбена индустрија се укинати во текот на 2012 година.

Се предвидува дека уште 5.000 лица од овој сектор ќе останат без работа веќе во првата половина од оваа година.

Француската прехранбена индустрија, чија вредност на извозот изнесуваше околу 9,2 милијарди евра во 2012 година, оствари приходи од 160,9 милијарди евра, што претставува пад од 2,3 проценти и загуби 3.900 вработени, пренесува францускиот лист Еко.

За прв пат во последните неколку години, во 2012 година продажбата на прехранбената стока е намалена за 0,8 проценти, поради намалувањето на куповната моќ на француските граѓани.

Во овој контекст, новите даночни оптеретувања на засладените пијалоци, пивото и алкохолот, дополнително го ослабнаа овој сектор, се наведува во соопштението на Здружението.

Затворени се 300 претпријатија во втората половина од 2012 година, во однос на 247 во текот на претходната година, но сепак, овој сектор е еден од најголемите според бројот на вработените, кои вкупни се 495,000 работници, од кои една третина се неквалификувани работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП