7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција може да загуби милијарда долари во 2016-та, поради руските санкции

Турција може да загуби милијарда долари во 2016-та, поради руските санкции

jabolka-turski33

Турската стока, стана предмет на руското ембарго за увоз на прехранбени производи во почетокот на 2016-та година, што претставува 22% во структурата на увозот во Русија или речиси 1 милијарда долари. Ова се наведува во нацртот на Министерството за економски развој за основните насоки на царинската политика за 2017-2019 година, цитиран од агенциите.

Тоа значи дека ако руските санкции продолжат до крајот на годината, загубите на Турција можат да достигнат околу 1 милијарда долари.

Од 1-ви јануари Русија го забрани увозот на голем број прехранбени производи од Турција, меѓу кои јагоди, портокали, мандарини, грозје, јаболка, круши, кајсии, праски, сливи. Строгата листа вклучува и голем број на зеленчуци, како и замрзнато месо.

Ограничувачките мерки беа воведени, откако во ноември 2015-та година турските воздухопловни сили го соборија рускиот воен авион „Су-24“.

На 29-ти јуни, претседателот на Русија, Владимир Путин имаше телефонски разговор со турскиот колега. Повикот на Путин беше одговор на пораката на Ердоган, во која тој се извини за соборениот руски воен авион од страна на Турција и изрази заинтересираноста да се подобрат меѓусебните односи.

По разговорот Путин и порача на владата да почне преговори со Турција за обновување на соработката во трговијата и во други сфери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП