2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрниот пазар на цигари во ЕУ тежи 65 милијарди евра

Црниот пазар на цигари во ЕУ тежи 65 милијарди евра

 

Црниот пазар на цигари во Европската унија порасна во 2012-та година и е шеста година поред, а тоа резултира со повеќе од 12 милијарди евра загуба во однос на акцизата.

Потрошувачката на цигари минатата година падна за 5.7 проценти, додека пак продажбата на шверцуваните цигари се зголеми. Потрошувачката на илегални цигари за 2012-та година иснесува 65 милијарди евра.

За годишниот извештај допринесе и компанијата за цигари „Philip Morris“ како дел од договорот од 2004-та година кој го потпишаа со европските регулатори.

Компанијата вели дека нелегалната продажба на цигари, која вклучува и цигари произведени само за шверцувње, како и лажните пакувања на познатите брендови, најмногу порасна во Велика Британија, Грција, Италија и Естонија.

„Поради економската криза и буџетскиот дефицит нелегалните цигари задаваат големи проблеми во Европа со што се земјите членки трпат големи даночни загуби“, изјави Арти Чернис од „Philip Morris“.

Голем дел од нелегалната продажба на цигари ја водат групи кои се занимаваат со организиран криминал, привлечени од можноста за голем профит и евентуалните мали казни.

Европската комисија постигна повеќе финансиски договори со производителите на цигари, вклучувајќи ги „Philip Morris“, „Imperial Tobacco“, „Japan Tobacco“ и „British American Tobacco“ во борбата против криумчарењето на цигари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП