2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнти-глобализацискиот бран внесе неизвесност во глобалната економија

Анти-глобализацискиот бран внесе неизвесност во глобалната економија

g20

Порастот на популистичката реторика која се противи на глобализацијата и слободната трговија внесе неизвесност во глобалната економија, соопшти денес Групата 20 (Г20) – група на најразвиените земји во светот и економиите во развој.

„Трендот на длабок анти-глобализациски популизам го донесоа политичарите со цел да ги креираат своите слогани за кампањите и со цел да се обидат да освојат повеќе гласови и поддршка. Тоа ни донесе неизвесност“, изјави кинсекиот министер за финансии Лу Џивеј, говорејќи во име на членките на Г20, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквиот популизам, според неговите зборови, е една од најголемите закани по растот на глобалната економија, заедно со геополитичките судири и слабите банкарски системи.

„Неизвесноста и ризиците со кои е соочена глобалната економија пораснаа, бидејќи некои од водечките економии влегоа во период на општи избори. Последиците од Брегзит се неизвесни, а ранливоста на финансискиот систем расте“, изјави Лу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП