27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСад отворија 156.000 работни места, се чека ФЕД

Сад отворија 156.000 работни места, се чека ФЕД

120144328157f7c41150d6c066059585_w640

Во САД во месец септември се отворени 156.000 нови работни места, што е пристоен раст кој ја одржува добрата состојба на економијата.

Стапката на невработеност минатиот месец порасна на 5,0 проценти од 4,9 проценти од август, според официјалните податоци на американската влада, пренесува агенцијата АП.

Во досегашниот тек на годината, отворани се во просек 178.000 работни места месечно, што е пад во однос на минатогодишното темпо на вработување од 229.000 лица месечно.

Најновите податоци за вработувањето, според оценките на аналитичарите, би требало да ја задржат американската ФЕД на курсот за подигнување на каматните стапки.

Потрошувачката на граѓаните во август стагнирала, што всушност беа најлошите податоци за пет месеци, додека фабриките исто така се во проблеми, бидејќи компаниите ги одложуваат инвестициите во нови машини, компјутери и друга опрема.

Американската економија во првите шест месеци од тековната година пораснала за скромни 1,1 проценти на годишно ниво. Сепак, економистите прогнозираат дека економскиот раст ќе забрза на меѓу 2,5 и 3,0 проценти во кварталот јули-септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП