10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд не оди во Варшава, зашто Полска се откажа од француските хеликоптери

Оланд не оди во Варшава, зашто Полска се откажа од француските хеликоптери

%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b4445

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја одложи посетата на Варшава следната седмица откако Полска се повлече од големиот договор за купување хеликоптери „Airbus“, објави Елисејската палата во петокот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд требаше да ја посети полската престолнина следниот четвртокот, придружуван од министерот за надворешни работи Жан-Марк Ејрол, ако дел од меѓувладините консултации, но неговиот кабинет објави дека таа посета се одложува.

„Франција одлучи да ги одложи планираните консултации по потврдата на полското министерство за одбрана дека го откажува тендерот на којшто победи во ’Airbus’ во април 2015 година за хеликоптерите од типот ’Caracal’“, изјавил за AFP извор во Париз. Додал дека во Полска во куса посета ќе замине Ејрол.

Во вторникот Полска ги прекина разговорите со компанијата „Airbus“ за купувања на 50 нивни хеликоптери „Caracal“, договор кој би чинел околу 3,14 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП