12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците од ЕУ ќе мора да престојуваат пет години во Германија да...

Странците од ЕУ ќе мора да престојуваат пет години во Германија да добијат социјална помош

%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8

Германската влада подготвува закон со кој на странците од Европската унија(ЕУ) кои се без работа во Германија, ќе им се овозможи да примаат социјална помош дури по пет години престој во Германија, јавуваат во петок германските медиуми.

Министерката за труд Андреа Нахлес ја најави оваа законска промена уште во април, реагирајќи со тоа на една одлука на Врховниот социјален суд во касел, кој, заради недостаток на регулатива, одреди период од шест месеци престој во Германија по кој странците од земјите членки на ЕУ ќе имаат право на социјална помош.

Социјалната помош за дојденците од ЕУ земјите, пред сѐ од Бугарија и Романија, се големо оптоварување за градовите и општините кои го поднесуваат овој дел од социјалниот товар.

Просечно, социјалната помош изнесува 350 евра месечно, плус надомест за кирија и режиските трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП