29 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографии од патувањето на студентите низ Европа

Изложба на фотографии од патувањето на студентите низ Европа

izlozba-studenti33

Единаесет студенти од Македонија ова лето добија сосема нова димензија на одморот, при што еден месец бесплатно патуваа низ Европа и ја промовираа Македонија.

Самите тие ќе кажат во Европа има што да се види и научи. За неа имаат многу приказни, а нив ќе ви ги раскажат преку изложба на фотографии во петок, со почеток во 20.30 часот во кафе Галерија Бадабум (Безистен, Стара Чаршија).

Граѓанската асоцијација МОСТ и студентите кои патуваа, ги канат сите заинтересирани да присуствуваат на настанот со кој ќе се заокружи овогодинешниот Пат во Европа. Покрај изложбата, студентите ќе бидат тука преку есеи да раскажат за своите импресии, а ќе биде прикажан и краток филм од почетокот на патувањето.

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ и со поддршка на донаторите на проектот, студенти од завршните години на факултетите низ Македонија, еден месец имаа можност да патуваат низ Европа и да се запознаваат со градовите, луѓето и обичаите. Оваа регионална активност, веќе деветта година се реализира со цел да се претстават земјите од кои доаѓаат студентите во Европа, но и да се споделат стекнатите искуства помеѓу граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП