5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer ќе го продаде своето седиште во Њујорк

Pfizer ќе го продаде своето седиште во Њујорк

pfizer-world-333

„Pfizer Inc.“, една од најголемите фармацевтски компании во светот според обемот на продажбите, ги известила вработените дека ќе го продаде своето седиште во Менхетен, Њујорк, пишува „Wall Street Journal“, кој се повикува на портпаролот на компанијата.

Во моментов „Pfizer“ бара нова деловна зграда во Њујорк, која сака да ја ангажира.

Фармацевтскиот гигант планира да ја продаде сегашната централа во градот до крајот на следната година. Преместувањето е предвидено да се одржи најрано во првата половина на 2019-та година, додава портпаролот на компанијата.

Главниот мотив за преместување на групата е потребата за модерно, современо работно место за вработените. „За да се обнови нашата зграда до современите стандарди, ќе биде потребна значителна инвестиција“, појаснуваат од компанијата.

Значителен дел од вработените на „Pfizer“ најверојатно ќе продолжат да работат во Менхетен. Други, пак, ќе бидат преместени на други места.

Корените на „Pfizer“ во Њујорк датираат од 1849-та година, кога компанијата е основана како фирма за хемикалии. Потоа таа се наоѓала во типична зграда од црвени тули во Бруклин.

Компанијата се пресели во сегашната централа во 1961-ва година, а подоцна ја зазема и соседната зграда.

Претходно оваа година се појавија шпекулации дека фармацевтскиот гигант ќе го премести своето седиште во Ирска поради даночните олеснувања, како и дел од стекнувањето на фармацевтската компанија „Allergan Inc“. Зделката сепак пропадна, откако администрацијата на претседателот на САД Барак Обама ги објави правилата со кои се ограничуваат можностите на американските компании за даночни маневри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП