26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ стравува од недостаток на обврзници за квантитативното олеснување

ЕЦБ стравува од недостаток на обврзници за квантитативното олеснување

ecb-headquarters111

Централните банкари на Европската централна банка (ЕЦБ) предупредиле на средбата во септември за „растечки предизвици“ при изборот на обврзници за програмата за квантитативно олеснување на банката во износ од 1,7 илјади милијарди долари и покажуваат дека таа не може да се прошири повторно.

Според планот програмата за квантитативно олеснување – во рамките на која ЕЦБ купува главно државни обврзници за 80 милијарди eвра месечно, треба да заврши во март. Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги изјави по средбата во септември дека тимот ќе ги прегледа параметрите на програмата, за да се осигура дека нема да заврши обврзниците кои ЕЦБ може да купува.

Според стенограмот од средбата, објавен во четвртокот, 25-члениот управен совет на ЕЦБ наведува дека последните нивните проекции за инфлацијата – кои предвидуваат постепено забрзување кон целта на банката од малку под 2%, делумно ги одразуваат очекувањата на инвеститорите дека ЕЦБ ќе објави дополнителни политички мерки.

Претставниците „во голема мера“ се согласуваат дека „условите за финансирање треба да останат поволни за да се поддржи заздравувањето на растот и инфлацијата“.

Тие предупредуваат дека основната инфлација се уште не покажува „убедливи знаци“ за одржлив раст. Централните банкари ги нагласуваат стравувањата за слабата добивка на банките и цените на акциите, што според нив може потенцијално да го ограничи понатамошното кредитирање на економијата.

Тие ја посочуваат уште „значителната неизвесност“ околу британското гласање за напуштање на Европската унија и велат дека е премногу рано да се утврди дали негативните очекувања за влијанието на „Brexit“ врз растот биле претерани.

Централните банкари повторно ги повикуваат владите да и помогнат на ЕЦБ со економски реформи, кои имаат за цел промовирање на растот, и со зголемување на јавните инвестиции, каде тоа е можно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП